Одличната низа на Интер без пораз во Серија А продолжи и попладнево со победа над Каљари од 0-3 на гостински терен. Со тоа екипата од Милано ја продолжи борбата за титулата, а Лаутаро Мартинес погоди за 0-2. Овој гол за Аргентинецот беше прв после 55 дена на клупски план, откако последен пат стрелаше на трети ноември во победата од 1-0 над Венеција.
„Природно е дека оваа ситуација го оптоваруваше, но сите во клубот го велевме да се опушти. Не даваше голови, но многу им помогна на остатокот од екипата во нападот. Лаутаро Мартинес никогаш нема да биде проблем за Интер, тој може да биде само решение.“ – рече тренерот на Интер, Симоне Инѕаги, после победата над Каљари.