Манчестер јунајтед по крајот на оваа сезона ќе има нов тренер, откако Ралф Рангник ќе се префрли во позицијата на консултант.
Германскиот стратег не успеа да го убеди раководството на овој тим да остане подолго на клупата, а претставниците кои што го бараат неговиот заменик, разговарале и со вториот кандидат.
Станува збор за Маурицио Покетино, кој по крајот на сезоната исто така ќе си замине од ПСЖ, бидејќи не ги исполни очекувањата на раководството на тимот од Париз.
Според некои информации и двете страни имале слични размислувања и токму Покетино е најголемиот фаворит за тренерската позиција. Првиот кандидат со кој што разговараа од Манчестер јунајтед е Ерик Тен Хаг од Ајакс.