Барселона го победи Рајо Валјекано на нашиот репрезентативец Столе Димитриевски и ја задржа убедливата предност во Примера дивисион. Лионел Меси стигна до 26-тиот погодок во првенството, и тоа погодувајќи од пенал. Покрај голот од белата точка, Меси го направи и потегот на мечот, кој немаше многу допирни точки со неговите виртуозни потези.
Меси направи „фер плеј“ потег. По една акција, Меси направи продор во шеснаесетникот на гостите, но загуби рамнотежа и падна. Соиграчите на Лео бараа судијата да досуди пенал, а арбитерот покажа дека ќе побара помош од ВАР, па ќе реши дали е пенал.
Тогаш реагираше Аргентинецот и на судијата му сугерираше дека немало пенал, туку само ја загубил рамнотежата и паднал. Судијата ја прифати оваа сугестија од Меси и воопшто без да погледне асистенција од ВАР-системот, покажа играта да продолжи.
https://twitter.com/i/status/1104951234564366338