Интер Мајами вечерва и официјално го објави трансферот на Лионел Меси.
„Да момци. Се гледаме во Мајами“, зборува Меси во краткото видео кое Интер Мајами го објави на социјалните мрежи.
https://twitter.com/i/status/1680277326137905155
Меси во Интер Мајами ќе заработи богатство и тоа благодарение на спонзорите Адидас и Епл. Аргентинецот ќе добие процент од продажбата на ТВ правата на МЛС-лигата преку ЕПЛ уредите, а од Адидас ќе добие процент од продажбата на дресовите со негово име. Парите ќе му ги уплаќа германскиот производител на спортска опрема кој е спонзор на Интер Мајами.
https://twitter.com/DeadlineDayLive/status/1666520610309021698?s=20
Меси по завршување на кариерата ќе добие можност да стане акционер во Интер Мајами.
Аргентинецот во последните две сезони настапуваше за ПСЖ, откако претходно помина 20 години во Барселона.