Аргентинската легенда која блескаше заедно со Марадона може да „заглави“ 15 години во затвор

Поранешниот аргентински репрезентативец Клаудио Каниџа кој го сочинуваше фантастичното дуо со Диего Армандо Марадона може да заврши во затвор и тоа на долги 15 години, доколку се прогласи за виновен за сексуален напад на неговата поранешна сопруга Маријано Нанис.

Каниџа кој има 56 години е обвинет дека во 2018 година ја силувал својата поранешна сопруга во еден хотел во Буенос Аирес, каде тие двајца живееле заедно во тоа време.

Нанис и Каниџа имаат три деца, а официјално се разведоа во 2019 година и тоа една и пол година подоцна, откако започнаа да живеат одвоено. Жената тврди дека нејзиниот тогашен маж ја силувал откако одбила да имаат сексуални односи. Каниџа ја удрил и се заканил дека ќе ја убие ако пријави во полиција.

Фудбалската кариера на Каниџа траеше од 1985 до 2004 година. Започна во Ривер плејт, а потоа играше и за Верона, Аталанта, Рома, Бенфика, Бока јуниорс, Данди, Ренџерс и Катар СЦ. За репрезентацијата на Аргентина одигра вкупно 50 меча во кои постигна 16 голови.

Надвор од теренот, тој беше познат по скандалозните однесувања, а негова најпозната изјава која не е поврзана со фудбалот е „Ако кокаинот е дрога, тогаш јас сум зависник“.

 

 

- Оглас -

Најнови вести