Аргентина уште пред неколку месеци си обезбеди место на завршницата на Светското првенство, на кое ќе го брани планетарниот трон. Гаучосите имаат дури 10 бода повеќе од второпласираниот Еквадор и нема дилема дека овие квалификации ќе ги завршат како лидери.
На мечот кој се одигра утрово, Аргентина едвај се спаси од пораз на свој терен во дуелот против Колумбија откако одигра 1:1. Гостите водеа со гол во првото полувреме, а Аргентина се спаси во финишот на мечот.
Интересно е дека Аргентина голот за реми го постигна со играч помалку на теренот затоа што Енцо Фернандес беше исклучен во 70-тата минута. Ѕвездата на Челзи која вреди над 100 милиони евра направи непромислен потег кога со високо крената нога, директно во главата удри еден противнички играч.
Судијата воопшто не се двоумеше и му покажа црвен картон на Енцо, репрезентативецот на Колумбија, а Кевин Кастано на челото си доби „печат“ од копачката на Аргентинецот.
Argentina midfielder Enzo Fernández was sent off vs Colombia for a high boot that landed on Kevin Castaño’s forehead.pic.twitter.com/8dC0liNqyV
— Kyama (@ElijahKyama_) June 11, 2025