2.8 C
Skopje
вторник, 23 декември 2025

Аргентински фудбалер нокаутираше тројца противници (Видео)

Неверојатни сцени се случуваа на фудбалскиот натпревар од федерацискиот куп на интерпровинциската лига во Аргентина. Мартин Коста, одбранбениот играч на клубот 9 Јули Берабеву, сосема ги загуби нервите и почна со боксови да ги удира противничките играчи од екипата Атлетико Сан Хорхе.

Коста нокаутираше еден играч и беше исклучен, но тој момент не беше снимен, а по црвениот картон, продолжи да дивее и со тупаници удри уште двајца противници. Корпулентниот Коста покажа завидна боксерска техника, маваше и со лева и со десна рака, па ако добие голема суспензија и забрана за играње фудбал, може да продолжи со боксерска кариера.

Инаку, мечот заврши со резултат 0-5, откако Сан Хорхе ја искористи бројчаната предност од двајца играчи повеќе.

 

- Оглас -

Најнови вести