Аргентински новинар тврди: Меси ја прифатил понудата на Ал-Хилал!

Аргентинскиот новинар на Футмеркато тврди дека Лео Меси ја прифатил понудата од Ал-Хилал да потпише договор на две години, со кој би заработувал по 600 милиони евра годишно, а би бил ослободен и од плаќање на данок во Саудиска Арабија.

Ваквата понуда била прифатена од менаџерската екипа на аргентинецот, која ја предводи лично неговиот татко, но Лео Меси се уште не се изјаснил, а неговата желба е да се врати во Барселона.

Според очекувањата, најдоцна за една недела треба да биде позната следната дестинација на Меси, а толку има рок и Барселона да најде заеднички јазик со раководството на Ла Лига околу трансферот на “иконата“ на клубот.

Летово освен Меси, во Саудиска Арабија треба да се преселат и Карим Бензема, Серхио Рамос, Бускетс …

- Оглас -

Најнови вести