22.8 C
Skopje
четврток, 11 септември 2025

Аргентински талент го засилува Челзи за вториот дел од сезоната во Премиер лигата

Аргентинскиот талентиран дефанзивец, Арон Анселмино, и официјално ќе стане фудбалер на Челзи, откако минатото лето беше купен за 25 милиони евра од Бока јуниорс, но остана да игра во Аргентина уште една полусезона.

Дефанзивецот до крајот на оваа седмица треба да пристигне во Лондон и откако ќе ги мине медицинските тестови, треба да започне да тренира со остатокот од екипата на Енцо Мареска.

Постоеше опција Анселмино да остане уште една полусезона во Бока јуниорс, но сепак, од Челзи одлучија дека 19-годишниот фудбалер ќе им биде потребен за настапите во Премиер лигата, но и на меѓународна сцена.

- Оглас -

Најнови вести