1.8 C
Skopje
среда, 3 декември 2025

Аргентинскиот дефанзивец се претвори во Меси, со „ножички“ даде гол во 90+5 минута за спас од пораз (Видео)

Њукасл и Тотенхем ремизираа 2:2 во меч на кој до 70 минута немаше погодоци, а во последните 20-тина минути се случи вистинска кулминација на теренот. Њукасл поведе со 1:0, а потоа домаќините водеа и со 2:1, но Тотенхем не се предаде и беше решен непоразен да си замине од гостувањето на „Сент Џејмсис парк“.

Се играше 90+5 минута, кога беше досуден корнер за гостите, а Кристијан Ромеро на фантастичен начин, со ножички од околу 12 метри успеа да ја смести топката во мрежата на домаќините, за конечни 2:2. Овој атрактивен погодок на Ромеро може да го видите ТУКА.

Интересно е дека дефанзивецот Ромеро беше стрелец и на првиот гол за Тотенхем и тој е херојот на мечот.

По ова реми, двата тима и Тотенхем и Њукасл имаат по 19 бодови, па дури и билансот им е ист, по пет победи, четири реми и пет порази.

 

- Оглас -

Најнови вести