Аргентинскиот фудбал е посебен, 36 црвени картони на еден натпревар (Видео)

Не само поради Диего Марадона и Лионел Меси, аргентинскиот фудбал, според повеќе показатели, е посебен во однос на останатите во светот, па затоа потсетуваме и дека светскиот рекорд на покажани црвени картони на еден меч го држат Аргентинци. Во 2011 година, на дуелот помеѓу Клејпол и Викторијано Аренас беа исклучени сите 22-ца фудбалери на теренот и 14 лица од стручните штабови, па бројката од 36 црвени картони е светски рекорд кој тешко дека ќе биде урнат.

Атлетико Клејпол и Викторијано Аренас се клубови од Буенос Аирес, во тоа време беа петтолигаши, а судијата кој покажуваше црвени картони на сите страни беше Дамијан Рубино.

За време на паузата за пиење вода поради големата жештина, Рубино исклучи еден играч и не можеше ни да сонува што ќе следува. Исклучениот се обидел да удри еден од тренерите, а потоа се пресоблекол и по мечот чекал покрај оградата во цивилна облека. Само што се досуди крај, тој влетал на теренот и удрил ривалски играч, по што настанал хаос. Судијата не сакал на теренот да покажува црвен картони, полицијата некако ги смирила завојуваните страни и тогаш судијата на раат ги исклучил сите присутни (играчи, резерви, тренери).

Погледнете снимка од инцидентите на тој меч во 2011 година:

- Оглас -

Најнови вести