30.8 C
Skopje
вторник, 19 август 2025

Аргентинскиот гигант не дозволи изненадување и стигна до лесна победа

Ривер плејт победнички започна на Светското клупско првенство откако со 3:1 славеше против Урава на дуелот кој се играше во Сиетл. Аргентинскиот гигант имаше голема помош од верните навивачи коишто направија одлична атмосфера на трибините на стадионот кој не беше исполнет до последно место.

Уште пред мечот Ривер ја имаше фаворитската улога и Аргентинците поведоа со голот на Колидио во 12-тата минута од мечот. На почетокот на второто полувреме следуваше нова радост за Ривер за удвојување на предноста.

Надеж за Урава донесе Мацуо со погодокот од пенал во 58-мата минута, но Јапонците немаа сили да се спасат од пораз. Сите дилеми околу победникот беа решени кога Меза биеше прецизно за 3:1 во 74-тата минута.

 

- Оглас -

Најнови вести