Аргентинскиот голман е најголемото го**о во фудбалот

Поранешниот француски репрезентативец Адил Рами без влакна на јазикот го нападна голманот на репрезентацијата на Аргентина, Емилијано Мартинес, поради неговото однесување и провоцирањето на противниците по триумфот на Гаучосите на Светското првенство што се одржа во Катар. Во неделното финале, Аргентина ја совлада Франција по подобро изведување пенали, откако по 120 минути игра беше 3:3.

Мартинес уште на победничкиот подиум почна да ги провоцира француските навивачи, непримерно гестикулирајќи кон нив откако ја доби наградата Златна ракавица, за најдобар голман на СП.

Но, тоа не беше се од Мартинес, за време на шампионската парада во Буенос Аирес го омаловажуваше најдобриот играч на Франција, Килијан Мбапе, кој ги постигна трите гола во финалето, носејќи кукла на која го залепи ликот на напаѓачот на ПСЖ.

„Мартинес е најголемото го**о во светот на фудбалот. Тој е човекот кого најмногу го мразат, тој е кучкин син. Мбапе толку ги истрауматизира, што победата против Франција ја славеа повеќе отколку триумфот на Светското првенство“, изјави Рами.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести