Аргентинецот Даниел Чимински доби прекар „Нострадамус“ и станува многу популарен кај фановите, бидејќи се покажува како точен претскажувач на исходи на фудбалски мечеви, и тоа погодува дека аутсајдерите ќе победат, што на обложувачите им носи поголема добивка поради поголемите квоти.
Даниел предвиде дека неговиот омилен клуб Расинг без примен гол ќе ја победи Бока јуниорс во првиот четвртфинален дуел од Копа Либертадорес. Сега веќе многу фанови го прашуваат што ќе се случи на реваншот на „Ла Бомбониера“.
Пред тоа, во осминафиналето Расинг играше против првакот на Јужна Америка, бразилскиот Фламенго, но Даниел на социјалните мрежи најави дека неговиот тим ќе се најде во четвртфинале и погоди. Расинг на пенали го елиминираше Фламенго.
Октоподот Пол беше светски хит за време на СП во 2010 година со неколку погодени прогнози, а ако и Даниел продолжи да погодува, и тој ќе стане светски популарен.