Аргентинскиот тинејџер ќе ја носи култната „7-ка“ во Манчестер јунајтед

Младиот Аргентинец, Алехандро Гарначо, најверојатно ќе биде фудбалерот кој во следната сезона ќе го носи дресот со бројот 7 во Манчестер јунајтед.

Седумката има посебно значење за клубот, бидејќи дресот со овој број на грбот во монатото го носеа некои од најголемите фудбалери во историјата на Јунајтед како Џорџ Бест, Ерик Кантона, Дејвид Бекам и Кристијано Роналдо.

Затоа, за Гарначо кој има 18 години, ќе биде голема чест што во клубот го сметаат за достоен да го носи бројот 7. Во претходната сезона, Гарначо во Манчестер го носеше дресот со бројот 49.

После Роналдо, бројот 7 го имаат носено и Антонио Валенсија, Мајкл Овен, Анхел Ди Марија, Мемфис Депај, Алексис Санчев, Единсон Кавани, но не се прославија. Кандидати за бројот 7 се и Антони и Џејдон Санчо, но најавите се дека изборот паднал на Гарначо.

- Оглас -

Најнови вести