22.8 C
Skopje
четврток, 11 септември 2025

Аргентинските коментатори полудеа откако нивните одбојкари ја шокираа Италија (Видео)

Големо изненадување се случи во четвртфиналето на одбојкарскиот турнир за мажи на ЛОИ во Токио. Аргентина со 3-2 во сетови ја порази Италија и Гаучосите ќе играат полуфинале против Франција или Полска, додека другото полуфинале е Бразил – претставници на Рускиот олимписки комитет.

Во решавачкиот петти сет, Аргентина победи со 15-12, а аргентинските коментатори многу емотивно ги пренесуваа завршните поени.

Како ли ќе биде ако Аргентина стигне до финале или ја освои титулата ако полуфиналето го слават вака:

- Оглас -

Најнови вести