Аргентинските тимови убедливо најнервозни, од 10 црвени картони на СКП, пет се нивни

Статистиката покажува дека на Светското клупско првенство, половина од црвените картони ги добиле фудбалери кои играат за аргентински тимови, а тоа до некаде може и да се разбере, со оглед на врелата крв и неуспехот кој го имаа.

Ривер плејт и Бока јуниорс испаднаа од СКП уште по групната фаза, ги разочараа своите верни фанови и веројатно од немоќ на терен правеа груби фаули и се расправаа со противнички играчи и судии, па Аргенинците испаднаа најнервозни на шампионатот кој го организира ФИФА.

Од 10 црвени картони досега на СКП, пет се за играчи на Ривер или Бока.

За разлика од нив, на нивните јужноамерикански ривали, Бразилците, им оди. Сите четири бразилски клубови се пласираа во осминафиналето, а гарантирано ќе имаат и барем еден четвртфиналист.

- Оглас -

Најнови вести