Аргентинско лудило: Тренерот го давеше четвртиот судија (Видео)

Тренерот на аргентинскиот прволигаш Унион Санта Фе, Леонардо Маделон, ги загуби нервите пред самиот крај на мечот против Кордоба. Ова беше дуел на двата тима кои се во долниот дел од табелата, а Унион со победа ќе го прескокнеше противникот. На крајот, немаше погодоци и двата тима добија по еден бод, па Кордоба сега има 25 бодови, а Унион е со 24 освоени бодови по 21 одиграно коло.

Додека се играше судиското надополнување, тренерот на домаќините, Маделон, имаше некакви забелешки до последниот судија. Од вербална расправија, стратегот на Унион најпрво го оттурна арбитерот, а потоа почна да го фаќа за врат. Четвртиот судија веднаш сигнализираше до главниот арбитер на теренот, кој без размислување му даде црвен картон на збеснатиот тренер.

https://streamable.com/ow840

- Оглас -

Најнови вести