Аргентинско шоу на Интер Мајами – Монтереј, а Меси немоќно гледаше од страна (Видео)

Мексиканскиот клуб Монтереј триумфираше како гостин со 2-1 против Интер Мајами и направи голем чекор кон пласман во полуфиналето на Шампионскиот куп на КОНКАКАФ зоната.

Победникот од ова натпреварување обезбедува место на Светското клупско првенство, а според резултатите од првите дуели (Пачука победи со 5-0, Клуб Америка со 4-0, а Тигрес ремизираше на гости и сега има реванш дома), можно е во полуфиналето да има четири мексикански клубови.

Монтереј во својата историја никогаш не бил елиминиран откако го добил првиот меч на гостински терен, па пред Интер Мајами е тешка задача, особено ако и за една недела повторно го немаат на располагање најдобриот фудбалер Лионел Меси.

Сите три гола на синоќешниот дуел ги постигнаа Аргентинци. Интер водеше по првото полувреме, но мексиканскиот тим направи пресврт, кој се комплетира во 89-тата минута со убав гол на Хорхе Родригес.

https://twitter.com/i/status/1775704727126503921

- Оглас -

Најнови вести