Аргентинско танго во Мексико – Шварцман е фаворит, Пела ќе победи

Камила Џорџи – Зарина Дијас (ВТА Вашингтон, 00.30 часот)

Една од најатрактивните тенисерки на светот, Камила Џорџи е фаворит за победа против ривалката од Казахстан. Тука пресудна може да биде моменталната форма, а Дијас не игра добро сезонава. Имаше повреда и доста порази и тоа во првото коло на ВТА турнирите во 2019 година.

Џорџи невообичаено за италијанските тенисерки игра подобро на побрзите подлоги, а има впечатливи победи против три тенисерки што беа број 1 на ВТА листата. Ги победи Вознијачки, Шарапова и Викторија Азаренка, а за неа познатиот Адријано Паната, кој има пехар од Ролан Гарос, изјави дека со играта потесетува на Андре Агаси.

Но, Џорџи не успеа докрај да го потврди талентот и има само два ВТА титули, иако има и многу солиден биланс со доста тенисерки што биле во топ-10. Играше во четвртфиналето, лани на Вимблдон што и е највисок дострел на гренд-слем турнирите.

Дијас е со сличен квалитет како Џорџи, но е во послаба форма и се враќа од сериозната повреда на коленото, поради која лани ја пропушти цела сезона на настапи на трева. Досега двете тенисерки играа два меѓусебни дуели и имаат по една победа од 2:1 во сетови.

Предлог тип: 1 (1.63)

 

Циципас – Пер (АТП Вашингтон, 01 часот)

Бењоа Пер има победа против Стефанос Циципас, во Мец пред две години, но оттогаш грчкиот тенисер многу напредуваше и сега според коефициентите е фаворит за да му се реваншира на 10 години повозрасниот противник. Сепак Циципас ќе има тешка задача, бидејќи Пер е во топ-форма и годинава освои две од вкупно трите титули што ги има на АТП турнирите.

До дуел со Циципас, Бењоа Пер дојде со неочекувана победа против трикратниот финалист во Вашингтон, Џон Иснер и тоа ќе му даде крилја во обидот да елиминира уште еден фаворит на турнирот.

Циципас го победи Томпсон, но не му одеше се така мазно, па Пер ќе биде многу незгоден ривал. Досега единствениот меѓусебен меч заврши со победа на Пер од 2:0, а сега ќе типуваме дека ќе има три сета.

Предлог тип: > 21.5 гем (1.68)

 

Дона Векиќ – Кристи Ан (ВТА Сан Хозе, 01 часот)

Дона Векиќ долго време беше попозната како девојка на Станислас Вавринка, отколку по тениските успеси, но 23-годишната девојка од Осиек има одлични резултати во последните две сезони. Лани играше во четвртото коло на Вимблдон, а годинава го повтори истиот резултат и на Ролан Гарос. Има две ВТА титули и многу простор за напредок, за разлика од Кристи Ан, тенисерка што никогаш не била рангирана во топ-100 и нема забележителни резултати, ниту титула на ВТА турнирите.

Сите тениски аргументи се на страната на тенисерката од Хрватска, која е петти носител на турнирот и не би требало да има проблеми за пласман во полуфиналето против Американката со потекло од Јужна Кореа.

Предлог тип: 2:0 (1.55)

 

Диего Шварцман – Гвидо Пела (АТП Лос Кабос, 04 часот)

Во Мексико на АТП турнирот што се организира во Лос Кабос ќе има интересно дерби меѓу двајцата Аргентинци и сограѓани од Буенос Аирес.

Пела е највисоко рангираниот носител во полуфиналето, стартуваше со бројот два, а ќе сака да ја продолжи одличната традиција против третиот фаворит за титулата Шварцман.

Досега помладиот Пела, кој има 26 години има четири победи во пет меѓусебни дуели со 29-годишниот сонародник, но според коефициентите Шварцман е фаворит.

Влогот е голем, победникот ќе игра финале и ќе има големи шанси да ја освои и титулата во Мексико. Пела е во подобра форма од Шварцман, годинава конечно успеа во петтото АТП финале да ја освои првата титула, со триумф на Бразил опен, а потоа за првпат играше и во четвртфинале на гренд-слем и тоа на Вимблдон.

Предлог тип: 2 (2.30) 

 

Аманда Анисимова – Саисаи Женг (ВТА Сан Хозе, 04 часот)

Анисимова е голем фаворит за пласман во полуфиналето во Сан Хозе, а дека е во форма потврди со лесна победа против Брингл во првиот меч за неа на турнирот.

Анисимова е најмладата тенисерка во топ-100 во моментов и е голема надеж на американскиот тенис.

Има само 17 години, а веќе нанижа неколку впечатливи победи против многу пореномирани тенисерки од калибарот на Симона Халеп, Петра Квитова, Арина Сабаленка… Дури можеше и да освои гренд-слем сезонава, но во полуфиналето на Ролан Гарос по голема битка загуби со 1:2 во сетови од Ешли Барти, која потоа и го освои пехарот на престижниот турнир.

Анисимова на патот до полуфиналето ја елиминираше во тој момент актуелната шампионка Халеп, претходно и една од главните фаворитки за трофејот Сабаленка, со што го потврди големиот талент.

Женг е 55-рангирана на ВТА листата, но нема ниту една титула на тениските турнири, а во Сан Хозе допатува со серија од пет порази. Успеа да ја прекине и со две победи, против Колинс и со големо изненадување против Мертенс да се пласира во четвртфиналето. Но, има и теѓок пораз од Анисимова со 1:6, 1:6 во единствениот досегашен меѓусебен меч со тинејџерката од руско потекло и тешко ќе успее да и се спротивстави на Анисимова, која е во одлична форма.

Предлог тип: 2:0 (1.92)

 

 

 

 

- Оглас -

Најнови вести