14.8 C
Skopje
понеделник, 25 август 2025

Аргентинското „чудо од дете“ и дефинитивно потпишува за Манчестер сити

Големата аргентинска фудбалска надеж, Хулијан Алварес и дефинитивно ќе ги засили редовите на Манчестер сити.

Граѓаните го победија својот голем градски ривал во борбата за потписот на овој фудбалер.

Напаѓачот на Ривер плејт, кој има 21 година, ќе остане во клубот до лето како позајмен играч, а во јули ќе се приклучи во редовите на англискиот првак.

Манчестер сити за него одвои 18,5 милиони евра и дополнителни бонуси, а договорот ќе биде потпишан до 2027 година.

Сепак, ова нема да влијае на одлуката на првакот од Англија да доведе некое големо засилување во нападот во летниот преоден рок.

 

- Оглас -

Најнови вести