31.8 C
Skopje
среда, 16 јули 2025

Аргентинците, ФИФА, цел свет се поклони пред волшебникот Модриќ (Видео)

Хрватска со 3:0 загуби од Аргентина во полуфиналето од Светското првенство, но и покрај тоа што Коцкестите не постигнаа гол, во 81-вата минута целиот стадион со стоечки овации го поздрави најголемиот во составот на Златко Далиќ, а тоа е Лука Модриќ. Капитенот на Хрватска беше заменет на 10 минути пред крајот, а Модриќ со солзи во очите го напушти теренот.

Сите навивачи, вклучувајќи ги и аргентинските, со аплауз го поздравија Модриќ, лидерот на најголемите успеси на хрватскиот фудбал.

Освен аплаузите на отворена сцена, Модриќ доби честитка и од Светската фудбалска федерација ФИФА, која Хрватот го опиша со еден збор: „ЛЕГЕНДА“.

- Оглас -

Најнови вести