18.8 C
Skopje
четврток, 17 јули 2025

Аргентинците лажеле дека не биле во Англија во последните 14 дена, затоа тргнаа да ги апсат на терен (Видео)

Позната е причината за прекинот на мечот Бразил – Аргентина, официјални лица влегоа на терен да ги апсат аргентинските фудбалери затоа што лажеле дека не биле во Англија во последните 14 дена, со цел да избегнат карантин.

Бразилските власти забрануваат во нивната земја да влезат лица кои во последните две недели биле во Велика Британија, без да се седи во каратин. Има четири аргентински играчи кои настапуваат во Англија, но тие во меѓувреме патуваа и во други земји, и сигурно дека не веруваа оти некој ќе се обиде да ги приведе среде натпревар кој се пренесува во целиот свет.

Селекторот Скалони прашуваше зошто од тие играчи не се побара да останат во хотел, туку дури сега им бранат да бидат во Бразил, среде почнат натпревар.

- Оглас -

Најнови вести