Аргентинецот Томас Мартин Ечевери се пласира во третото коло на Отвореното првенство на Австралија откако без многу проблеми со 3:0 во сетови беше подобар од Британецот Артур Фери. Само во првиот сет имаше неизвесност, кој Ечевери го доби во тај-брејк со 7:6, додека во останатите два сета Аргентинецот имаше целосна доминација и ги доби со 6:1 и 6:3.
На овој меч Ечевери имаше неверојатна поддршка од трибините. На теренот број 7 на Отвореното првенство на Австралија вриеше како да се игра фудбалски меч, а тоа беше благодарение на поддршката што ја дадоа аргентинските симпатизери во текот на целиот меч.
По завршувањето на дуелот следуваше кулминација. Од трибините грмна навивачка песна, а Ечевери влезе во ритам и тој почна да скока и да пее заедно со навивачите. Едноставно, атмосферата наликуваше како на некое фудбалско дерби во Аргентина.
The ULTIMATE crowd pop 📢
Etcheverry starts the party after a straight sets win. pic.twitter.com/uAk9b1Noux
— #AusOpen (@AustralianOpen) January 21, 2026

