Аргентинците не сакаат Финалисима да се игра во Мадрид

УЕФА и КОНМЕБОЛ беа блиску до договор популарната Финалисима да се игра во Мадрид на „Сантијаго Бернабеу“, но отпор и несогласување има во Аргентинската фудбалска асоцијација (АФА), Аргентинците не се согласуваат мечот да се игра на територијата на нивниот противник.

Одлуката каде да се игра се очекува најдоцна до утре.

Финалисима (дуел на првакот на Европа и Јужна Америка) е закажана за 27 март, а требаше да се игра во Катар, но воената криза во регионот доведе до суспензија на фудбалот во таа земја.

Ако не се игра во Мадрид, како опции се Лисабон, Лондон, Париз и Рим. Аргентина ќе ја брани титулата што ја освои во 2021 година, кога со 3-0 ја победи Италија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар!
Внесете го вашето име тука

- Оглас -

Најнови вести