Аргентинците пласманот во финалето го славеа со контроверзна навивачка песна: Англичани о***ете од Фолкландите… (Видео)

Репрезентацијата на Аргентина со победата над Хрватска од 3:0 обезбеди пласман во финалето на Светското првенство во Катар и ги освоија симпатиите на целиот свет, но фудбалерите во соблекувалната триумфот го прославија пеејќи навредлива и контроверзна песна.

Фудбалерите и тренерскиот тим пееја навивачка контроверзна песна со која се навредуваат нивните големи ривали Бразил и Англија.

На Бразилците им се смеат поради испаѓањето во четвртфиналето токму од Хрватска, а ги напаѓаат Англичаните споменувајќи ги Фолкландските Острови поради кои армијата на Обединетото Кралство во 1982 година изврши воена инвазија и влезе во неколкудневна војна со Аргентина.

Еден од најискусните репрезентативци, Николас Отаменди, на својот профил на „Инстаграм“ објави видео од славењето во соблекувалната, на кое играчите и тренерите скокаат и ја пеат песната која е популарна меѓу нивните навивачи.

„Што е Бразилци, изгужвани петкратни светски шампиони“, се зборовите од песната со која Аргентиците им се потсмеваат со Кариоките, кои беа главни фаворити за титулата, но испаднаа во четвртфиналето.

Потоа фудбалерите го пееја текстот на песната со која се навредуваат Англичаните поради војната за Фолкландските Острови, кои Аргентинците ги нарекуваат Ислас Малвинас.
„Англичани, од***те од Ислас Малвинас“.

- Оглас -

Најнови вести