Репрезентацијата на Аргентина ја освои Копа Америка откако во финалето по продолженијата беа подобри од Колумбија со 1-0, но видеото од прославата по овој натпревар предизвика големо внимание во Франција.
На видеото на социјалните мрежи се слуша како Аргентинците пеат навредлива песна посветена на Франција, која во слободен превод оди вака: „Играат за Франција, но се од Ангола. Мајка му е Нигеријка, татко му Камерунец, но според пасош е Французин“.
https://twitter.com/centregoals/status/1813249868984352815?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1813249868984352815%7Ctwgr%5E30c38eb0b0b98bce17295ffb836bffae1a63e1eb%7Ctwcon%5Es1_c10&ref_url=https%3A%2F%2Fwww.index.hr%2Fsport%2Fclanak%2Fargentinac-iz-chelseaja-pjevao-rasisticku-pjesmu-klupski-suigraci-ga-otpratili%2F2583098.aspx
Се претпоставува дека песната е посветена за Килијан Мбапе, а ривалството на овие две земји е од финалето на Светското првенство во Катар, кога Аргентина стана светски шампион. Фудбалскиот сојуз на Франција веднаш го осуди случајот и најави дека ќе го пријави во ФИФА.