Аргентинците пукнаа петарда на последната проверка пред настапот на СП

Фудбалската репрезентација на Аргентина славеше со убедливи 5:0 против Обединетите Арапски Емирати во пријателски натпревар пред стартот на Светското првенство во Катар.

Овој натпревар беше последна проверка за Гаучосите пред настапот на Мундијалот, каде што за многумина се главни фаворити за титулата заедно со Бразил и Франција.

Противникот на Аргентинците денеска „ја глумеше“ Саудиска Арабија, која е прв противник на Мундијалот и според прикажаната игра, Гаучосите го положија тестот.

Сите дилеми околу победникот, Аргентина ги реши во првото полувреме кога постигна четири гола. Бункерот на Обединетите Арапски Емирати беше пробиен ов 17-тата минута, кога Меси му асистираше на Хулијан Алварез.

Осум минути подоцна, Ди Марија го зголеми водството, а во 36-тата минута истиот играч постигна уште еден гол. Најубавата акција Аргентина ја имаше во 44-тата минута, кога по неколку додавања, Меси влезе во шеснаесетникот и со одличен шут зголеми на 4:0. Конечниот резултат го постави Кореа во 60-тата минута.

Аргентина на Мундијалот во Катар е во група со Саудиска Арабија, Мексико и Полска.

- Оглас -

Најнови вести