Аргентинците се луди, илјадници фанови пееја под прозорот на бабата на Меси (Видео)

Фудбалската репрезентација на Аргентина со победата над Хрватска од 3:0 во полуфиналето обезбеди пласман во неделното финале на Светското првенство и предизвика еуфорија во татковината.

По пласманот во финалето, во цела Аргентина се славеше, социјалните мрежи се преполни од видеа и фотографии од сцени кои уште долго време ќе се прераскажуваат, а една се случи пред куќата на бабата на Лионел Меси.

Еуфоричните Аргентинци се собраа пред нејзината куќа и пееја во чест на најдобриот фудбалер на Гаучосите и еден од најдобрите на сите времиња. Од нивните грла се ореше: Ле, але, Меси, ле, але, Меси“, по што бабата на Меси воодушевено им мавна.

Лионел Меси в недела против Франција во големото финале ќе го игра последниот натпревар на Светските првенства и тоа ќе биде негова последна шанса да дојде до трофејот, со што би си го зацементирал статусот на еден од најдобрите фудбалери во историјата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести