Аргентинците се подобри без Меси, го победија Мароко

Со голот на Анхел Кореа во финишот на мечот, Аргентина го победи Мароко со 1-0 на гостински терен и барем малку се рехабилитира за сензационалниот пораз од Венецуела пред четири дена. Тогаш играа со првата ѕвезда во тимот, Лионел Меси, кој се повреди и вечерва не настапи во Тангер против Мароко.

Домаќините имаа забелешки на сметка на Аргентинците за отсуството на Меси, но не успеаја на терен да ги казнат гостите, па загубија со 0-1.

Ова е втор меч меѓу двете селекции, втор пријателски што се игра во Мароко и втора победа на Аргентина со резултат 1-0.

- Оглас -

Најнови вести