Аргентинците во паника: Меси се повреди, но веројатно ќе игра на Мундијалот во Катар

Аргентинските фанови но и луѓето во фудбалската федерација се во паника бидејќи најдобриот играч Лионел Меси е повреден и нема да игра на утрешниот натпревар на ПСЖ против Лориен во Лига 1.

Лекарскиот тим на ПСЖ соопшти дека Меси има воспаление на ахиловата тетива, што се смета за полесна повреда, но и тоа беше доволно да се вклучи алармот во Аргентина.

„Меси има проблем со воспаление на ахиловата тетива. Станува збор за полесна повреда и се очекува Меси да се врати на тренинзите наредната недела“, стои во соопштението на ПСЖ.

- Оглас -

Најнови вести