Аргентинците во огромен број излегоа на улиците да се радуваат на успехот на својата фудбалска репрезентација по освоената шампионска титула на Мундијалот во Катар, а покрај импресивните сцени, имаше и низа глупости и инциденти.
Секако дека оргомната толпа на луѓе тешко може да се контролира, па во веселбата за третата светска круна имаше и жртви и неџентлменско однесување.
Група аргентински навивачи го запалија бразилското знаме, што и не е неочекувано со оглед на огромниот ривалитет не само во фудбалот, но сцената не изгледаше убаво.
— no context footy + (@ncfplus) December 21, 2022
Бразил иако беше топ-фаворит за титулата, испадна во четвртфиналето на пенали од Хрватска, па беше спречено големото јужноамериканско финале меѓу Кариоките и Аргентина.
Двете селекции сега се најтрофејни во Јужна Америка. Бразил е апсолутен рекордер со пет шампионски пехари, а Аргентина има три, пред Уругвај со два.