Саудиска Арабија која ќе биде домаќин на Светското првенство во фудбал во 2034 година, сериозно сака да направи нешто невидено и мечеви на Мундијалот да се играат на стадион кој би бил на висина од дури 350 метри над земјата.
Овој „небесен стадион“ ќе се вика НЕОМ и ќе биде уникатен. Со капацитет од приближно 46.000 седишта, стадионот треба да стане центар на идните спортски настани, вклучувајќи ги и можните натпревари од Светското првенство во 2034 година.
Проектот е дизајниран со посебен акцент на одржливоста, па затоа ќе се напојува со обновливи извори на енергија. Иако визуелните прикази и плановите веќе се презентирани на јавноста, експертите нагласуваат дека проектот е сè уште во фаза на планирање и дека изградбата не е започната.
Според достапните информации, почетокот на работата се очекува најрано во 2027 година, додека завршувањето би можело да се случи околу 2032 година.
Овој амбициозен потфат го симболизира напорот на Саудиска Арабија да се позиционира како глобален лидер во иновациите, архитектурата и спортскиот туризам, комбинирајќи спектакл, технологија и футуризам во еден монументален проект.
: Saudi Arabia’s NEOM
️ **World’s First “Sky Stadium” – NEOM Stadium** ☁️
Suspended **350 meters (1,150 ft)** above ground!
**46,000 seats** with breathtaking views
⚡ 100% **Renewable Energy powered**
️ Opening: **2032**
⚽ Will… pic.twitter.com/fqaqZW90d2— Artology (@ArtologyOffice) October 19, 2025

