„Архитектот“ се враќа во Торино – Пирло ќе ги води младите Јувентини

Додека кружат шпекулации околу иднината на Макс Алегри во Јувентус и за тоа кој ќе биде негов заменик, италијанскиот првак испрати понуда до Андреа Пирло. Разбирливо, не да биде тренер на првиот тим, туку на оној до 23 години кој се натпреварува во третата италијанска лига.

Имено, Јувентус не е задоволен од работата на Мауро Зиронели, тренерот засега не ги оправдува средствата откако тимот се најде на средина на табелата. Потребен им е човек, односно звучно име кое ќе ги инспирира младите, а Пирло се истакна како вистинска личност за таа работа.

Тој би работел без притисок, ќе има простор да го наметне своето видување на фудбалот и воедно ќе им помогне на младите да напредуваат. Пирло веќе го заврши почетниот курс за тренери од УЕФА, има лиценца со која може да води женски тим, може да работи во младински екипи и или пак да седне на клупа на третолигаш.

У23 тимот на Јуве исполнува два од трите услови, истото важи и за Пирло, а враќањето на миленкот на навивачите на „старата дама“ може да ги крене и амбициите на тимот и од следната сезона да се бори за пласман во Серија Б.

- Оглас -

Најнови вести