Аријан Адеми се врати во Динамо Загреб

Македонскиот репрезентативец Аријан Адеми и официјално повторно е играч на Динамо Загреб. Неколку дена траеја преговорите за да на крајот Адеми и официјално се врати во клубот во кој помина повеќе од 12 години, пред да реши да замине во Кина.

Новиот кинески предизвик за Адеми траеше само неколку месеци, затоа што посака да се врати меѓу Модрите, а и хрватскиот првак со воодушевување ја прими идејата за негово враќање.

Адеми е рекордер во неколку категории во Динамо. Досега имаше одиграно 357 мечеви, а наредниот 358 дуел ќе може да го игра веќе за помалку од 10 дена кога Динамо ќе игра против Славен Белупо во домашното првенство. Адеми нема да може да настапува во групната фаза од Конференциската лига на УЕФА.

- Оглас -

Најнови вести