Аријан Адеми заминува од Динамо Загреб, веќе е позната и неговата следна дестинација?!

Се чини дека во екипата на Динамо Загреб за следната сезона нема да има македонски интернационалци. По најавеното заминување на Стефан Ристовски, од „Максимир“ ќе си замине и легендата на клубот, Аријан Адеми.

Нашиот репрезентативец за Динамо има одиграно 420 натпревари, но на крајот од оваа сезона нема да го продолжи договорот и ќе се пресели во Марибор. Ваквата одлука е донесена во консултација со спортскиот директор Звонимир Бобан, кој сака да им даде шанса на помладите фудбалери во екипата.

Токму поради недостигот од минутажа и соочен со статус на резерва, хрватските медиуми пренесуваат дека Адеми се одлучил да го напушти Динамо и кариерата да ја продолжи во новиот проект на Марибор.

- Оглас -

Најнови вести