Армани ѝ скрои одело со куси ракави на Црвена ѕвезда, Жалгирис го урна Кралот (Видео)

Италијанскиот првак Армани Милано ја прекина црната серија од девет порази во Евролигата со значајна победа од 71:67 против Црвена ѕвезда во Белград.

Италијанскиот тим не дозволи десетка, а ја прекина и убавата серија на Црвена ѕвезда од 10 победи по ред во сите натпреварувања.

Ова беше и прв неуспех на тренерот Душко Ивановиќ на кормилото на „црвено-белите“, кои имаа огромна поддршка од својата публика, но немаа свој ден.

Триото Берон, Дејвис и Хол беше незадржливо кај гостите, искомбинираа 46 поени и тие беа лидери во победата на тимот од Милано.

Филип Петрушев беше најефикасен на мечот и кај Црвена ѕвезда со 20 поени, а имаше и 11 скока. Лука Вилдоза постигна 16 поени, а гостите од Милано за малку ќе прокоцкаа 16 поени предност.

Белграѓани сега имаат биланс 7-7, исто колку и Жалгирис, кој го изненади Реал Мадрид со победа од 81:72.

Армани Милано побегна од последната позиција со биланс 4-10, а Реал Мадрид има ефект од 10 победи и 4 порази.

 

- Оглас -

Најнови вести