Армани на крајот немаше одговор за Пангос и Зенит

Зенит оствари важна победа против Армани Милано со конечни 79:70, со која застана на високото четврто место на табелата во Евролигата со 15 победи, пред Реал Мадрид. Рускиот состав ја продолжи низата на домашен терен на пет победи во Евролигата, па на 10 кола до крајот Зенит делува како сериозен кандидат за разигрувањата.

Во поголемиот дел од сребата владееше неизвесност и драма, а Зенит прв успеа да се одлепи на двоцифрена предност на половина од втората четвртина, која Манекените ја анулираа со серија од 7-1 и најавија тесна битка до самиот крај. Во последните 10 минути двете екипи влегоа со егал резултат при 54:54, а потоа на сцената стапи Кевин Пангос, кој постигна 10 од вкупно 16 поени во последниот период.

Токму Пангос беше најефикасен играч на Зенит со дабл-дабл од 16 поени и 10 асистенции, но и Гудаитис заврши со идентичен учинок. Пантер на другата страна забележа исто така 16 поени, го следеше Шилдс со 15 поени.

 

- Оглас -

Најнови вести