Арменд Алими: Шкендија може да го прегрми гостувањето во Рига, во Скопје ќе се одлучува победникот

Арменд Алими очекува многу подобро издание на Шкендија против Рига и да се поправи впечатокот од лошиот настап против Мура и елиминацијата во квалификациите за Лигата на шампионите.

Шкендија се префрли во филтер рундата за настап во Конференциската лига на УЕФА и Алими очекува подобра претстава против летонската Рига.

„Мораме да играме многу подобро и да бидеме помудри. Рига е тежок ривал, имаат одлична екипа, но сепак очекувам победникот да биде познат по реваншот во Скопје“, вели капитенот на Шкендија.

Тетовци веќе го имаа официјалниот тренинг на стадионот на Рига, а утре од 19 часот ќе го почнат двомечот со Летонците во второто квалификациско коло за настап во новото натпреварување на УЕФА.

Под жесток бараж од критики по елиминацијата од Мура со вкупен резултат од 0:6 се најде тренерот Ернест Ѓока, па сега тој ќе мора да најде многу подбра стратегија за пласман во следното коло и двомеч со Хибернијанс од Малта, или со Фолгоре од Сан Марино, кои се можни ривали на Шкендија во полуфиналната филтер рунда.

„Ова ќе биде двомеч на две екипи што се шампиони во своите земји и затоа мораме да внимаваме. И Рига си има свои амбиции, но очекувам да забележиме добар резултат ако одиграме како што знаеме“, изјави Ѓока на редовната прес-конференција, еден ден пред стартот на двомечот со Рига.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести