Арминија има доволно бодови за Бундеслигата, сега треба само да пази на гол-разликата

Арминија Билефелд може веќе да го слави враќањето во Бундеслигата по вечерашната победата од 4:0 против Динамо Дрезден.

Првопласираниот тим во популарната Цвајта се наоѓа на посакуваната позиција и на три кола пред крајот, има 9 бода повеќе од третопласираниот Штутгарт и подобра гол-разлика за цели 18 погодоци.

Двете првопласирани екипи ќе играат во Бундеслигата од следната сезона, а ако дојде до ситуација да имаат еднаков број бодови, одлучува гол-разликата.

А, Арминија, која годинава го прослави 115-тиот роденден, ги има сите адути на своја страна за да игра по 18-ти пат во Бундеслигата. Дури и со сите порази до крајот на првенството ќе бидат прволигаши, освен ако Штутгарт не приреди чудо, па да ја анулира разликата од 9 бода и минусот од 18 погодоци.

Тимот за кој настапува нашиот репрезентативец Дарко Чурлинов ќе треба да го насочи фокусот за битка со Хамбургер, кој е втор со еден бод повеќе од Штутгарт во обидот да се освои втората позиција на три кола до крајот на сезоната во Цвајта.

Третопласираниот состав во Втората лига треба да игра бараж-двомеч со третата најлоша екипа од Бундеслигата за да се знае и третиот учесник во Бундеслигата за сезоната 2020/21

- Оглас -

Најнови вести