Арнаутовиќ даде гол и испиша историја во ЛШ поставувајќи рекорд кој тешко ќе биде соборен

Австрискиот репрезентатувец, Марко Арнаутовиќ, е во центарот на вниманието на јавноста по неверојатниот меч и ремито меѓу Бенфика и Интер (3:3) бидејќи постигна гол со кој испиша историја во Лигата на шампиоините.

Бенфика по првото полувреме водеше со 3:0 благодарение на трите гола на поранешниот играч на Интер, Жоао Марио, но Нераѕурите во вториот дел успеаја да се вратат во игра и да се спасат од пораз, а првиот гол го постигна токму Арнаутовиќ во 51-вата минута, поставувајќи рекорд кој тешко дека ќе биде соборен.

Имено, поминаа точно 4.740 дена од последниот гол на Арнаутовиќ во Лигата на шампионите. Пред синоќешниот гол во Лисабон, Арнаутовиќ последен пат мрежата на натпревар во ЛШ ја тресел во декември 2010 година, и тоа како играч на Вердер во мечот против неговиот сегашен клуб, Интер.

- Оглас -

Најнови вести