Една од причините поради кои Марко Арнаутовиќ одлучи да потпише за белградската Црвена ѕвезда е ветувањето кое му го дал на нему блискиот Синиша Михајловиќ дека еден ден ќе заигра за нивната Ѕвезда.
Михајловиќ му беше тренер на Арнаутовиќ во Болоња, а на погребот на Синиша, Марко беше еден од луѓето кои го носеа ковчегот.
„Му ветив на Синиша дека ќе дојдам во Ѕвезда и еве сега тука сум“, рече српскиот Австриец.
Ова го виде синот на Синиша Михајловиќ, Душан, кој преку „Инстаграм“ му порача на Арнаутовиќ: „Брате мој“, а објави и фотографија од Марко и неговиот татко како се прегрнуваат.