Арнаутовиќ ја има „одбраната на годината“, на неверојатен начин спречи гол на неговиот тим (Видео)

На мечот Интер – Верона имаше сè и сешто, а најневеројатниот потег го имаше Марко Арнаутовиќ, напаѓачот на Нераѕурите кој наместо даде, спречи гол за неговиот тим.

Во една ситуација пред противничкиот гол, Австриецот реагираше како почетник или поточно како дефанзивец на Верона, бидејќи ја острани опасноста, а требаше само да ја остави топката да продолжи да патува кон мрежата. Но, сакаше да го потврди голот и да се запише во листата на стрелците, и со реакцијата ги разлути фановите на Интер.

Погледнете го потегот кој ќе конкурира за кикс на сезоната или најдобра случајна одбрана:

- Оглас -

Најнови вести