Арнаутовиќ ќе игра за Австрија, но ќе ја пее химната на Србија

Фудбалерот на Интер, Марко Арнаутовиќ, се најде во центарот на вниманието во австриските медиуми поради ситуацијата во која се наоѓа пред вечерашниот дуел на Австрија и Србија од баражот за опстанок во елитната Лига на нации.

Марко е Австриец, роден во Австрија, игра за репрезентацијата на таа земја, но никогаш не је пее австриската химна и поради тоа е трн во око за многу Австријци. На неговиот татко Србин и некако повеќе на срце му лежи Србија, па вечерва може да има бизарна ситуација тој да игра за Австрија, а да ја пее српската химна.

- Оглас -

Најнови вести