Арнаутовиќ не премина во Манчестер јунајтед поради ланското пцуење на Алиоски?

Манчестер јунајтед беше сериозно заинтересиран за австрискиот напаѓач со српско потекло Марко Арнаутовиќ, кој игра за Болоња, но не дојде до трансфер.

Имаше информации дека наводно Арнаутовиќ одбил да оди во Манчестер и дека за Болоња не била доволна понудата од 10 милиони евра, а сега се појави друга верзија, фанови на Црвените ѓаволи биле тие што лобирале клубот да не го купи контроверзниот офанзивец.

Навивачите на Манчестер ја потсетиле управата на клубот дека минатата година на ЕП Арнаутовиќ беше казнет и доби суспензија поради навредите кон Езџан Алиоски откако даде гол на мечот против Македонија во Букурешт.

Една повозрасна навивачка која 30 години има сезонски билети за мечевите на „Олд Трафорд“, исто така испратила мејл во кој напишала дека ако го купат расистот Арнаутовиќ, веќе нема да стапне на стадион.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести