Еден од најконтроверзните напаѓачи на светот, Австриецот Марко Арнаутовиќ, кој сега игра за Болоња, откри дека Манчестер јунајтед се интересирал за него кога менаџер бил Жозе Мурињо, но клубот од „Олд Трафорд“ немал доволно пари.
Арнаутовиќ беше член на Интер во 2010 кога Нераѕурите со Интер на клупа, ги освоија и Серија А и Лигата на шампионите, но Мурињо не беше голем фан на тогаш младиот и проблематичен Арнаутовиќ.
„Мурињо го смени мислењето за мене, кога бев во Вест Хем, сакаше да ме донесе во Манчестер. Ме праша колку чинам и бев зачуден што ме сака. Но, тогаш Јунајтед го купи Пол Погба, и немаа доволно пари за мене“ – вели Арнаутовиќ, кој за Чеканите играше од 2017 до 2019 година, а Погба во Манчестер отиде во 2016, па целава приказна е сомнителна.