13.8 C
Skopje
недела, 9 ноември 2025

Арнаутовиќ спаси бод за Sвезда, Динамо Загреб го „сруши“ Фенербахче (Видео)

Фудбалерите на Црвена ѕвезда успеаја да освојат бод пред својата публика против Селтик откако одиграа 1-1.

Келечи Ихеаначо ги донесе гостите од Шкотска во водство од 0-1 во 56-тата минута, но Марко Арнаутовиќ со гол во 65-тата минута ја анулира негативата и донесе бод за белградските „црвено-бели“.

Динамо Загреб забележа голема победа на стартот од Лигата на Европа и славеше со 3-1 над турскиот гигант Фенербахче. Дион Бељо беше двоен стрелец за загрепчани откако погодуваше во 21-вата и 51-вата минута. Монсеф Бакрар беше стрелец на третиот гол за Динамо Загреб во 95-тата минута.

Гостите од Истанбул се што направија на овој меч е израмнувањето на 1-1 преку Себастијан Симански во 25-тата минута.

Резултати:

Бетис – Нотингем Форест 2-2
Брага – Феенорд 1-0
Црвена ѕвезда – Селтик 1-1
Динамо Загреб – Фенербахче 3-1
Фрајбург – Базел 2-1
Малме – Лудогорец 1-2
Ница – Рома 1-2

- Оглас -

Најнови вести