Арнаутовиќ за пцовките се извини и на македонски и на албански јазик (Фото)

Австриецот со српско потекло, Марко Арнаутовиќ, кој навредуваше македонските фудбалери после постигнатиот гол за 3-1, се извини за својата постапка. Тој преку Инстаграм напиша порака на англиски јазик, а потоа се извини со по збор-два и на македонски и на албански јазик.

„Вчера имаше некои жешки зборови искажани во емоции на натпреварот, за кои би сакал да се извинам, посебно на моите пријатели од Македонија и Албанија. Би сакал да кажам една работа јасно: Не сум расист! Имам пријатели во речиси секоја земја, и се залагам за различности. Секој кој ме знае е свесен за тоа. Извинете“, напиша Арнаутовиќ на Инстаграм.

- Оглас -

Најнови вести