Арнаутовиќ знае кој е најопасниот играч во составот на Рисовите

Австрија ќе биде првата голема пречка за Македонија на Европското првенство, а во Марко Арнаутовиќ лежи можеби најголемата закана по голот на нашиот Столе Димитриевски.

Во недела во Букурешт, Рисовите ќе треба да покажат дека поразите од оваа селекција во минатите квалификации не беа потполно заслужени, а мотивот ќе се бара во самиот дебитантски настап за Македонија на големото натпреварување.

Арнаутовиќ не ги потцени Рисовите во пресрет на мечот од првото коло, а знае дека Пандев е врвен фудбалер кој може да им направи многу проблеми, со оглед на тоа дека двајцата своевремено беа соиграчи во Интер

„Жал ми е што предвидувањата дека Македонија е слаба селекција не се точни. Многу ја потценуваат, но нивната репрезентација е доста опасна. Иако двапати ги победивме во квалификациите, сега знам дека нè очекува сосема различен натпревар и мора да бидеме претпазливи. Пандев ми е добар пријател. Многумина го отпишуваат поради неговите години, но не се свесни за каков врвен фудбалер се работи. Во одлична форма е и ќе мора да внимаваме на него“, истакна Арнаутовиќ.

- Оглас -

Најнови вести