Откако минатата сезона ја освоија титулата во Премиер лигата и инвестираа многу пари во засилувања за време на летото, се очекуваше оваа сезона да биде уште подобра за Ливерпул.
И покрај победата на гости кај Вест Хем со 0-2, тимот на Арне Слот само 72 часа подоцна ги шокираше навивачите на „Енфилд“ со реми 1-1 против Сандерленд.
Синоќа Ливерпул гостуваше кај Лидс и имаше предност од 0-2 и 2-3, но на крајот мораа да се задоволат со бод. Играчот кој во 96-тата минута му донесе бод на Лидс беше Ао Танака.
Веднаш по натпреварот почнаа шпекулации за иднината на Слот, кој изјави дека верува дека може да ги сврти на подобро работите на „Енфилд“:
„Постојат причини за кои можам да бидам позитивен“, изјави Слот по мечот.
Сепак, според информациите од Англија, синоќа бил одржан ите состанок на челниците на Ливерпул, кои денеска треба да ја потврдат одлуката дека Арне Слот повеќе не е тренер на клубот. За денес е закажан официјален состанок со Слот, на кој ќе му биде соопштено дека неговото време на „Енфилд“ завршило.
Мохамед Салах синоќа повторно беше на клупата и изјави дека во последно време нема апсолутно никакви релации со својот тренер. Поради ова, се приближува и можното заминување на Салах од клубот. Според извори, капитенот Вирџил ван Дајк и уште неколку клучни играчи се на страната на Мохамед Салах и бараат Слот да биде отпуштен.
Две имиња се во тесен круг за нов тренер на Ливерпул, легендата Стивен Џерард, кој неодамна одби понуда од Ренџерс да се врати на клупата на тој тим, и Џон Хејтинга, кој беше дел од стручниот штаб на Ливерпул, а потоа замина во Ајакс каде неодамна доби отказ.
Џерард би можел да го води Ливерпул до крајот на сезоната, по што би се донела конечна одлука дали да се продолжи со Нагелсман или легендата на клубот да остане на клупата. Јулијан Нагелсман, пак, нема намера да ја напушти германската репрезентација додека не заврши Светското првенство наредната година.

